| четврток, 6 декември 2018 |

Спрската убавица го бојкотира изборот – се плаши од инцидент во Албанија

foto3-1728x800_c

Српската убавица го откажа учеството на годишениот избор „Miss Globe“ што ќе се одржи во северниот албански град Скадар. Причина за откажувањето е инцидентот што се случи во Белград на 14 октомври на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија.

– Причината ја кажаа самите, дека се плашат од евентуален инцидент во Албанија идентичен како оној што се случи во Белград. Но, од албанска страна им беше дадена гаранција дека сите девојки се безбедни и оти сите ќе имаат ист третман без оглед од која држава доаѓаат, од Србија или Хрватска или друга земја, изјави Алида Ценај, портпаролка на манифестација за Албанија.

Изборот Мис глоб е 41 по ред, а во Албанија тој се одржува по единаесетти пат. Според продуцентот на манифестацијата за Албанија, Петри Бозо, ова е последен избор кој ќе се одржи во оваа земја.

Финалната вечер ќе се одржи на осми ноември. Македонија ќе ја претставува Надица Димовска (19) од Скопје.

Овој интернационален избор за убавина по рејтинг е веднаш зад „Мис на Светот“ и „Мис Универзум“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top