| четврток, 6 декември 2018 |

Студен октомвриски ден

esenlist

Сабота започнува со облачно и врнежливо време. Таквото време, според Метеопро, ќе се задржи до пладне, кога постепено ќе престануваат врнежите. Слаби врнежи попладне може да се очекуваат во јужните делови од земјата. Со оглед на тоа дека врнежи ќе има и во раните утрински часови од сабота, се очекува и на некои повисоки населени места да имаат врнежи од снег, но без особена можност за значителна снежна покривка.

Во текот на денот ќе дува умерен, локално до засилен северен и североисточен ветер.

Утрото ќе биде студено, но повторно минималната вредност на температурата на воздухот останува во позитива и ќе има вредност околу 3°С. Минималната температура на повисоките места ке е „спушти“ за околу 1°С под нулата.

Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 10°С во северната половина на земјата. Во котлините од југозападниот регион максималната ќе достигне до 9°С, а во југоисточниот регион до 13°С.

Во Скопскиот регион денот ќе биде облачен и ветровит. Врнежи од дожд, а на околните планини врнежи од снег ќе има рано наутро, а претпладне врнежите постепено ќе слабеат. Попладне и во текот на вечерта ќе биде претежно облачно, но без особени услови за врнежи. Минималната температура ќе се „спушти“ до 2°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност до 7°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top