| четврток, 6 декември 2018 |

Како човекот кој никогаш не постоел го измамил Хитлер и го променил текот на војната?!

Пролетта во 1943-тата година, победата на сојузниците на африканскиот континент била извесна, па воената команда почнала да планира акција на европскиот континент. Постоеле две главни насоки за инвазија – Грција или Сицилија.

izmama-na-20-vek-03

Во воената 1943-та година, неверојатниот план на Британците ја измамил воената команда на нацистите. Акцијата со чудно име “Операција Минсмит”, го променила текот на Втората светска војна, а се’ се засновало на еден неверојатен факт – човекот кој требало да ја изврши мисијата веќе бил мртов!

Пролетта во 1943-тата година, победата на сојузниците на африканскиот континент била извесна, па воената команда почнала да планира акција на европскиот континент. Постоеле две главни насоки за инвазија – Грција или Сицилија. Постоел само еден проблем.

“Секоја будала ќе знае дека тоа ќе биде Сицилија”, рекол еднаш Винстон Черчил.

Доколку нацистите ги забележале Сојузниците дека собираат сили за инвазија на островот, лесно ќе се подготвеле за одбрана на Сицилија која никој не можел да ја пробие. Така, прашањето кое се поставило пред Сојузниците било следното: Како да ги измамат нацистите, за да помислат дека нападот ќе дојде од некое друго место?

izmama-na-20-vek-01

Тогаш, двајца британски агенти – Чарлс Чолмондели и Иван Монтеги направиле план.

Двајцата биле членови на тајниот систем на двојни агенти кои биле инфилтрирани во нацистичките редови, а всушност работеле за Сојузниците. Тие дошле до идеја да ги снабдат непријателите со лажни документи кои би ги навеле на погрешна трага. Оваа стратегија веќе “запалила” во Африка и за време на Првата светска војна, но дали ќе успее повторно?

Планот бил следниот: Лажните документи ќе бидат оставени заедно со лажни отпечатоци на пилот на брегот на Шпанија. Се ќе изгледа како нацистите да собориле авион со пилот, а вистината била дека една британска подморница ќе фрли тело во близина на брегот на Шпанија. Требало да се очекува дека шпанските власти, кои инаку соработувале со нацистите, ќе ги проследат документите до нацистите.

Монтеги смислил и име за целата акција – “Операција Минсмит”.

– Меѓутоа, на агентите прво им бил потребен мистериозен човек кој ќе ги носи “мистериозните податоци”. Во Лондон го пронашле телото на Глиндвер Мичел, депресивен скитник кој немал живи роднини. Тој умрел откако се отрул со отров за глувци, но тоа не било видливо на телото, па можело да ги измами нацистите.

Чолмондели и Иван Монтеги решиле да го наречат мајор Вилијам Мартин. Имало неколку луѓе со презиме Мартин во кралската морнарица со чин мајор, па измамата била убедлива. Новородениот Мартин добил цел еден живот – добил лажни писма, документи од банка, па дури и фотографија од свршеницата Памела…се’ што може да се најде во паричникот на еден просечен британски војник.

Мајор Вилијам Мартин со себе носел лажно писмо во кое се зборувало за тоа дека сојузничките сили наскоро ќе ја нападнат Грција. Исто така, било додадено дека ќе има и напад на Сардинија, а дека инвазијата на Сицилија ќе биде само мамка.

И така мамката била поставена: Телото на мајор Мартин испливало во раните утрински часови на 30-ти април во 1943-тата година, на неколку километри од шпанското пристаниште Хуелва. Телото го пронашле локални рибари и го предале на властите.

Како што Сојузниците предвиделе, телото и пораката шпанските власти им ги предале на нацистите.

izmama-na-20-vek-02

Кога Германците дошле до документите, ги копирале и ги пратиле понатаму, за Сојузниците да не се посомневаат во ништо. Сепак, британските агенти знаеле дека операцијата се одвива според планот.

 Хитлер бил воодушевен од информацијата и верувал дека тоа ќе биде акција со која Сојузниците конечно ќе бидат победени. Забележано било дека само Гејблс, нацистичкиот министер за пропаганда бил скептичен, но дека никој не го слушал.

Хитлер пренасочил три тенковски дивизии на Балканот, а силите биле фокусирани на Грција, Сардинија и Корзика. Германската команда ја пратила оваа порака до медитеранскиот командант: “Мерките кои се преземени на Сардинија и Пелопонез имаат најголем приоритет”.

И така, кога 160.000 Американци, Канаѓани и Британци се истовариле на бреговите на Сицилија ги начекале нацистите целосно неподготвени. Дури и откако се случила инвазијата, Хитлер продолжил да верува дека операцијата на Сицилија е само мамка, нешто што претходи на нападот на Грција.

“Операцијата Минсмит” завршила успешно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top