| четврток, 6 декември 2018 |

Поројни дождови во Атина: Поплавени домови, улици и продавници

Поројни дождови предизвикаа поплави во многу делови во Атина, јавуваат грчки медиуми.

Во западниот дел од градот во реонот на Пиреја, Керацини и Драпецона голем број возачи останаа блокирани на улиците со своите автомобили поради поплавените улици. Поплавени се голем број продавници и домови.

Пожарникарската служба соопшти дека интервенираат речиси целиот ден со испумпување вода која на одделни места достигнала до еден метар височина. Според нив, поплавени се над 200 домови и канцеларии.

Бура со дождови и ниски температури се очекуваат во голем дел од државата во викендот. Во голем број реони во северна Грција се очекува и снег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top