| четврток, 6 декември 2018 |

Радикалите ги блокираа новосадските мостови: Пуштете го Шешељ на слобода!

Приврзаниците и членовите на Српската радикална странка СРС денес блокираа два моста во Нови Сад, барајќи лидерот на радикалите  Војислав Шешељ да биде пуштен на слобода.

Групите со автомобили го запреле сообраќајот на мостовите и истакнале голем транспарент „Ослободете го Шешељ“.

Претседателот на градскиот одбор на СРС Нови Сад, Ѓураѓ Јакшиќ, на новинарите им рекол дека ова е само почеток и дека од утре почнуваат со масовни протести низ цела Србија.

– Нема да се откажеме од протестите и нема да се смириме се додека не се исполни нашето барање, а тоа е безусловна слобода на Шешељ од Хаг, со што би се овозможило да се лечи на слобода – изјавил Јакшиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top