| четврток, 6 декември 2018 |

Пет жени и еден исламист убиени во судири во Тунис

Туниските сили за безбедност денес убија шест лица, од кои пет жени, во судири со исламистичка екстремистичка група во предградие на Тунис на два дена пред парламентарните избори.

Еден исламист и пет жени биле убиени денеска откако војската ја нападнала куќата, а најмалку една од петте жени отворила оган врз безбедносните сили, изјави портпаролот на министерството за внатрешни работи Мухамед Али Аруи.

Како што соопштија властите во Тунис, најмалку двајца екстремисти, жени и деца се затвориле во куќа во западниот дел на Тунис по вчерашните судири во кои бил убиен еден полицаец откако војската го опколи објектот, тврдат безбедносни претставници.

Во Тунис во недела се одржуваат важни парламентарни избори и владата предупреди дека терористите ќе се обидат да го нарушат нивното спроведување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top