Британскиот премиер Дејвид Камерун го отфрли барањето на Европската унија за плаќање дополнителни 2,1 милијарди оваа година кон европскиот буџет, пренесува Ројтерс. Промената е базирана на обновени податоци за националниот приход, претставени од Британскaта национална статистичка служба, кои покажуваат дека британската економија се развивала подобро од очекуваното во последниве години. Плаќањето треба да се изврши до 1-ви декември, врз основа на нови пресметки. Лондон доби враќање на дел од придонесот за време на финансиската криза во 2008 година.
Британскиот премиер изјави дека ова барање го става под знак прашање управувањето со Европската унија и дека односот кон Лондон е срамен.
Камерон го поставил прашањето на вториот ден од средбата на европскиот совет, но претседателот на Европската комисија Баросо одговорил дека правилата се правила и не треба да бидат доведени во прашање. Во последните години придонесот на Велика Британија е околу 500 милиони евра годишно.
Додека францускиот и германскиот премиер побараа Велика Британија да ги почитува правилата и да ја плати во предвидениот рок дополнителната сума, холандскиот и белгискиот лидер го поддржаа Камерун .
Според табелата испратена од ЕК на владите пред една недела, Берлин и Париз ќе добијат назад дел од придонесите, додека Италија, Холандија, па дури и Грција, треба да платат повеќе.
Според извори на Ројтерс, Европскиот парламент ќе го подржи барањето за дополнително плаќање од страна на Лондон во резолуција на 4 ноември. Портпаролот на британската влада во Брисел изјави дека овие пари не биле очекувани од Европската комисија и дека неговата земја ќе разговара со други држави да го отфрлат тоа барање. Барањето на комисијата очекувано предизвика нов бран на евроскептично расположение меѓу политичките партии во Велика Британија.
Министрите за финансии на Европската унија ќе одржат вонредна средба за да разговараат повторно за контроверзнотопрераспределување на придонесите на земјите членки во европскиот буџет, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на европски дипломатски извори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


