
Билетите за натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија од денеска напладне веќе се во продажба. По цена од 100 и од 200 денари, сите љубители на ракометот в среда, во Борис Трајковски, ќе можат да го проследат првиот натпревар од квалификациите за ЕП во Полска, в година.
Македонија има статус на фаворит против Швајцарија и двата бода на овој меч ќе имаат огромно значење во походот по второто место во групата во која играат уште Франција и Чешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


