| четврток, 6 декември 2018 |

Грчките земјоделци на раб на егзистенција

Повеќе од 2.000 грчки фармери се собраа во Атина барајќи пониски даноци и тврдат дека со зголемувањето на цените на бензинот и електричната енергија ќе бидат доведени до питачки стап

67806345351364599d127c865881777_640x427
Земјоделците бараат субвенции од најзадолжената држава, која беше принудена да направи тешка мерки за штедење, да им помогне да ги намалат цените на нивните производи за да останат конкурентни.

-Државата не ни даде ништо, дури ни поевтин бензин, ни струја, за да имаме конкурентни производи и пониски трошоци за производство – изјави Пантелис Москос, претседател на Унијата на грчките фармери.

Синдикалецот Вангелис Бутас тврди, пак, дека ЕУ се обидува да се направи подготовка за увоз на земјоделски производи од Бразил, што ќе предизвика штета за грчките земјоделци.

Владата, која презеде остри мерки за штедење во замена за заеми од ЕУ и од ММФ, одби да направи какви било отстапки кон земјоделците.

Демонстрантите денеска дојдоа од цела Грција на покана на Комунистичката партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top