| четврток, 6 декември 2018 |

Берлускони осуден на едногодишна казна затвор

silvio-berluskoni

Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони, е осуден на една година затвор за банкарскиот скандал од 2005 година.

Поранешниот италијански премиер објавил снимена содржина на доверлив телефонски разговор.

Италијанското обвинителство во 2011 година поднесе обвинение против Берлускони по основа „прислушување на телефоните на членовите на опозициската левица“.

Содржината на телефонските разговори на крајот на 2005 година ја објави весникот во сопственост на Берлускони, „Илгионаре“.

Пресудата против италијанскиот медиумски магнат и бивш премиер доаѓа во време кога против него се водат два судски процеси – еден поради наводно затајување данок, а другиот поради плаќање сексуални услуги на мароканската проститутка Руби, која во времето на извршувањето на делото била малолетна.

Берлускони, кој од почетокот тврди дека е невин и негира каква било одговорност за скандалот, има право да поднесе жалба на пресудата. Тој, според италијанските закони, не може да почне да ја служи казната пред да бидат исцрпени сите правни можности, пренесува „Ројтерс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top