| четврток, 6 декември 2018 |

Албанците го прекрстија, Платини стана Платиниевиќ

Албанците се наострија на УЕФА по одлуката да го загубат службено мечот со Србија, а на социјалните мрежи има и повици дури и за бојкот на квалификацискиот циклус за настап на ЕП во Франција.

Отровните стрели се насочени најмногу кон претседателот на УЕФА, Мишел Платини, а најчесто го нарекуваат Мишел Платиниевиќ.

„Тој и УЕФА се однесуваат како да се државни обвинители на Србија. Платини е српски син и треба да го смени презимето во Платиниевиќ“, наведе ултрадесничарската партија АК.

golema albanija zname

Упатен е и повик за протести во Брисел и во Нион, местото каде заседаваше комисијата што донесе одлука Албанија да загуби служебно со 0-3. Патем фудбалската федерација е казнета со 100 илјади евра, идентично како и српската. Србија загуби три бода, па со службената победа фактички не доби ништо, а „орлите“ ќе играат и два меча на свој терен без публика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top