Дизајнерско студио од Амстердам “Heldergroen“ опремило канцеларија со бироа кои исчезнуваат на крајот од работниот ден.
Проектот се стреми да ги охрабри вработените на фирмата да одржуваат рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот.
Проектот е на Bright Green, а изработката на бироата е од Zecc Architects.Работните места се направени од рециклирани телеграфски столбови и служат како стандарден канцелариски мебел во текот на денот. Кога сепак часовникот ќе покаже 18 часот, масите се креваат кон таванот со помош на посебен механизам и челични кабли, а вработените едноставно се принудени да станат од своите работни места и да ја напуштат работата .
Просторот ослободен од работните маси, останува на располагање на тимот и може да биде искористено за други активности, како на пример јога часови, танцување и др.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.