| четврток, 6 декември 2018 |

Борисов се врати!

Нај­ве­ро­јат­ни­от ре­зул­тат е де­ка ќе има уште ед­на не­ста­бил­на, по­де­ле­на вла­да, ко­ја би би­ла пет­та во пос­лед­ни­те осум­на­е­сет ме­се­ци. Из­бо­ри­те са­мо ја по­твр­ди­ја до­бро поз­на­та­та не­до­вер­ба на Бу­га­ри­те во нив­ни­те по­ли­ти­ча­ри. Се чи­ни де­ка нак­ло­но­ста кон Бо­ри­сов ле­жи во тоа што тој е најмало зло од кан­ди­да­ти­те

Бу­га­ри­те се ед­ни од нај­не­среќ­ни­те лу­ѓе во све­тот, ве­ли Из­ве­шта­јот за сре­ќа во све­тот на Обе­ди­не­ти­те на­ции. Во из­ве­шта­јот од 2013 го­ди­на, кој ги оп­фа­ќа БДП, ста­вот за ко­руп­ци­ја­та, здрав­је­то и дру­ги фа­кто­ри, Бу­га­ри­ја е 144. од вкуп­но 156 зем­ји – под Авга­ни­стан, Ирак и Зим­баб­ве.

За жал, ре­зул­та­тот од пред­вре­ме­ни­те из­бо­ри на 5 октом­ври не­ма да при­до­не­се мно­гу за по­до­бру­ва­ње на си­ту­а­ци­ја­та. Бој­ко Бо­ри­сов, по­ра­не­шен бо­рач, те­ло­хра­ни­тел и шеф на по­ли­ци­ја­та со ма­сив­на ста­ва, нај­ве­ро­јат­но, ќе се вра­ти на власт, од ко­ја си под­не­се оста­вка во фе­вру­а­ри 2013 го­ди­на сре­де про­те­сти­те про­тив си­ро­ма­шти­ја­та. ГЕРБ, цен­трал­но­дес­ни­чар­ска­та пар­ти­ја на Бо­ри­сов, освои 33 про­цен­ти од гла­со­ви­те, што е го­ле­ма пред­ност во од­нос на со­ци­ја­ли­сти­те и на Пар­ти­ја­та на тур­ско­то мал­цинс­тво ДПС, кои има­ат по 15 про­цен­ти. ГЕРБ, се­пак, не освои це­лос­но мно­зинс­тво, па се­га ќе мо­ра да ко­а­ли­ци­ра со ед­на или две од дру­ги­те се­дум пар­тии во пар­ла­мен­тот. Не­прив­леч­на­та по­ну­да се дви­жи од ул­тра­на­ци­о­на­ли­стич­ка­та пар­ти­ја Ата­ка и Па­три­от­ски­от фронт – за ни­јан­са по­мал­ку на­ци­о­на­ли­стич­ки ори­ен­ти­ра­на, до Бу­га­ри­ја без цен­зу­ра, ко­ја е но­ва по­пу­ли­стич­ка пар­ти­ја.

Нај­ве­ро­јат­ни­от ре­зул­тат е де­ка ќе има уште ед­на не­ста­бил­на, по­де­ле­на вла­да, ко­ја би би­ла пет­та во пос­лед­ни­те осум­на­е­сет ме­се­ци. Ми­ха­ил Ми­ков, ли­де­рот на со­ци­ја­ли­сти­те, ве­ќе из­ја­ви де­ка не­го­ва­та пар­ти­ја не­ма да се при­дру­жи. Ре­фор­ми­стич­ки­от блок, дес­ни­чар­ска пар­ти­ја што освои де­вет про­цен­ти од гла­со­ви­те и е ко­а­ли­ци­ски парт­нер што ГЕРБ би го прет­по­чи­тал, од­би­ва да под­др­жи вла­да пред­во­де­на од Бо­ри­сов. По од­би­ва­ње­то од овие две го­ле­ми пар­тии, ГЕРБ се­га пра­ви ма­не­ври за фор­ми­ра­ње мал­цин­ска вла­да. На­ја­ву­вај­ќи мож­ни от­стап­ки, тој се об­вр­за де­ка ќе на­пра­ви сè што е по­треб­но за да не­ма по­втор­но из­бо­ри.

Из­бо­ри­те са­мо ја по­твр­ди­ја до­бро­поз­на­та­та не­до­вер­ба на Бу­га­ри­те во нив­ни­те по­ли­ти­ча­ри. Се чи­ни де­ка нак­ло­но­ста кон Бо­ри­сов ле­жи во тоа што тој е нај­ма­ло зло од кан­ди­да­ти­те. (Тој во ед­на при­го­да им ре­че на гла­са­чи­те: „Јас сум глу­пав. Вие сте глу­пав. За­тоа и ве раз­би­рам.) Од­ѕи­вот на гла­са­чи­те на овие из­бо­ри од око­лу 50 про­цен­ти е најс­ла­би­от во пос­лед­ни­те 25 го­ди­ни отка­ко зем­ја­та се ос­ло­бо­ди од ко­му­ни­стич­ки­от ре­жим.

За вре­ме на кам­па­ња­та, кан­ди­да­ти­те во­оп­што не се освр­наа на нај­важ­ни­те проб­ле­ми во зем­ја­та: ид­ни­на­та на че­твр­та­та нај­го­ле­ма бан­ка во зем­ја­та – Кор­по­ра­тив­на ко­мер­ци­јал­на бан­ка, ко­ја е за­тво­ре­на од ју­ни, а 200.000 ште­да­чи и фир­ми не­ма­ат при­стап до сво­и­те вло­го­ви; ска­па­та еле­ктрич­на енер­ги­ја; по­де­мот на ко­руп­ци­ја­та и не­си­гур­на­та еко­но­ми­ја. Бу­га­ри­ја сè уште е нај­си­ро­маш­на­та зем­ја во ЕУ. Про­сеч­на­та ме­сеч­на пла­та е мал­ку по­ве­ќе од 400 евра, а ед­на пет­ти­на од до­ма­ќинс­тва­та се под пра­гот на си­ро­ма­шти­ја. Го­ди­наш­ни­от род е слаб, а на не­кои из­воз­ни­ци им бе­ше за­да­ден си­лен удар од санк­ци­и­те за увоз на Ру­си­ја, кои беа од­го­вор на санк­ци­и­те од За­па­дот. На 7 октом­ври ММФ ја на­ма­ли прог­но­за­та за по­раст на Бу­га­ри­ја на са­мо 1,4 про­цен­ти.

Svet111-2

Пре­тсе­да­те­лот Ро­сен Плев­не­ли­ев апе­ли­ра­ше до пар­ти­и­те да по­стиг­нат до­го­вор за фор­ми­ра­ње вла­да за да из­бег­нат по­втор­ни из­бо­ри.

– Ап­со­лут­но сум уве­рен де­ка по­втор­ни из­бо­ри не се ре­ше­ние – из­ја­ви Плев­не­ли­ев, кој мо­ра да се со­ста­не со но­ва­та вла­да до 5 но­ем­ври.

Ду­ри и ако пар­ти­и­те скр­пат но­ва вла­да во след­ни­те не­кол­ку не­де­ли, бу­гар­ски­от на­род има ма­ла до­вер­ба во неј­зи­ни­те ид­ни до­стиг­ну­ва­ња. Спо­ред Ни­ко­лај Стај­ков, член на ми­на­то­го­диш­но­то дви­же­ње за про­те­сти, „единс­тве­на­та оп­ци­ја е ко­а­ли­ци­ја од три пар­тии, ко­ја те­шко би до­не­су­ва­ла нес­лав­ни од­лу­ки и би би­ла мно­гу не­ста­бил­на.

– Тоа са­мо ќе ги зго­ле­ми по­ли­тич­ки­те пре­ви­ра­ња – ве­ли Стај­ков. Прет­стој­на­та зи­ма би мо­же­ла да би­де уште по­бур­на од прет­ход­на­та, ко­га не­среќ­ни­те Бу­га­ри се­којд­нев­но из­ле­гу­ваа на ули­ци­те.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top