Пожарникарите во калифорнискиот округ Вентура морале една жена да ја извадат од оџакот во кој се заглавила. Соседите слушнале повици за помош од оџакот и повикале полиција и пожарникари. Кога дошле сфатиле дека Геновева Нуњез Фигеора е длабоко заглавена и дека ќе мора да урнат дел од оџакот бидејќи не можела поинаку да излезе оттаму.
Откако ја ослободиле, полицајците ја известиле дека е уапсена поради провала.
Девојката неколку пати излегла со сопственикот на куќата, но тој решил да ја прекине врската. На неа тоа не ѝ се допаднало, па решила да го изненади влегувајќи низ оџакот, но се заглавила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.