| четврток, 6 декември 2018 |

Конзулатите на неколку држави во Истанбул примиле пликови со жолта содржина

00352063
Турската полиција е ставена во состојба на тревога поради пликовите со жолт прав што денеска биле испратени до генералните конзулати на неколку држави во Истанбул, јави турската телевизија „Си-Ен-Ен-турк“.

Екипи на Дирекцијата за управување при несреќи и вонредни состојби (ДУБИС) во моментов врши инспекции во конзулстите на Германија, Канада и во Белгија.

Службеници во конзулатот на Канада, во истанбулскиот кварт Левент, утринава во добиената пошта отвориле пликови во кои, подоцна се покажало, има жолт прав. Тие веднаш ја информирале полицијата, која испратила експерти за да ја утврдат ситуацијата со непознатиот прав.

За овие случаи биле инфомирани и деминери и медицински екипи.

Во генералниот конзулат на Канада, исто така, пристигнале екипи на ДУБИС, облечени во скафандери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top