Засега непознат напаѓач со секира нападнал група од четворица њујоршки полицајци додека позирале да се фотографираат, при што повредил двајца, од кои едниот се наоѓа во критична состојба. По инцидентот напаѓачот бил убиен.
– Полицајците патролирале пеш, кога еден фотограф ги замолил да позираат за фотографирање во улицата „Квинс“. Во непосредна близина еден човек ненадејно почнал да замавнува со секира и го удрил еден од полицајците во десната рака, а потоа уште еден го погодил в глава, изјавил портпарол на полицијата.
Другите двајца полицајци отвориле оган и го убиле напаѓачот, кој има околу 32 години, но неговиот идентитет се уште не е потврден.
Еден случаен минувач бил повреден од заталкан куршум, по што веднаш бил префрлен во болница и опериран.
– Се уште не е утврден мотивот за нападот, истакна полицискиот комесар Вилијам Бретон.
Полицијата не сака да ги коментира медиумските тврдења дека нападот е поврзан со тероризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пијани полицајци ѝ дозволиле на својата малолетна другарка да вози „марица“ (видео)
-
Татко и син со секира нападнале сопружници
-
Нова сообраќајка на местото каде загинаа двајцата косовски полицајци
-
Охрид СОС обвинува: Некадарни полицајци депортирале научник со меѓународно реноме, бремена во петиот месец