Државната комисија за спречување на корупцијата денеска им изрече јавна опомена поради извршување на две функции истовремено и судир на интереси на единаесет лица.
Комисијата, како што се наведува во соопштението, врз основа на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати лично до Деџат Сефери, Слафко Јанкоски, Мујдин Билали, Сеад Исмаил, Наим Салиев, Кристијан Тодоров, Николче Дамјановски, Валентина Јовановска, Зулкуфли Саити, Дарко Стојчевски и Саша Николиќ со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршуваат. Откако Комисијата констатирала дека овие лица не постапиле по нивното барање им изрече мерка јавна опомена. Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.
Деџат Сефери истовремено е член на Советот на Општина Сарај и управител на трговско друштво. Слафко Јанкоски, како што констатирала Комисијата, е член на Советот на Општина Гостивар и исто така управител на трговско друштво. Мујдин Билали, член на Совет на Општина Гостивар и исто така управител на трговско друштво. Сеад Исмаил, член на Совет на Шуто Оризари и управител на трговско друштво, Наим Салиев, член на Совет на Општина Бутел кој делумно постапил по барањето на ДКСК, односно се откажал од извршување на функцијата управител на трговско друштво, но не се откажал од извршување на функцијата овластено лице на подружница. Кристијан Тодоров, член на Совет на Општина Богданци исто така делумно постапил по барањето на Комисјата. Се откажал од функцијата управител на трговско друштво, од не се откажал од извршување на функцијата управител на друштво за трговија и услуги. Николче Дамјановски, член на Совет на Општина Чашка, делумно потапил по барањето на Комисијата, односно се откажал од извршување на функцијата управител на трговски друштво, а не се откажал од извршување на функцијата член на Управен одбор на Здравстен дом Велес од 2010. Валентина Јовановска, член на Совет на Општина Куманово е претседател на Управен одбор во Националната установа Музеј – Куманово од Куманово, Зулкуфли Саити, член на Совет на Општина Сарај и член на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата избран од страна на Собранието на Република Македонија. Дарко Стојчевски, член на Совет на Општина Кочани и член на Управен одбор на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани. Саша Николиќ, член на Совет на Општина Куманово и член на Управен одбор на Државниот студентски дом „Пелагонија“ – Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст