| четврток, 6 декември 2018 |

Интересни истражувања во врска со сексот

Кога станува збор за сексот, никогаш доста од информации. Прочитајте неколку интересни податоци на оваа тема

 

секс

Со сексуалната желба на жените, се зголемуваат и нивните стандарди

Кога се во потрага по секс за една ноќ, мажите и жените имаат поинакви критериуми во изборот на партнерот. На жените, кога станува збор за авантура, многу им е важен физичкиот изглед, додека на мажите им е поважен сексот, отколку убавината. Девојките за  „еднократната употреба“ бараат доминантен и атрактивен маж.

Мажите чија партнерка заработува повеќе, имаат проблем со ерекција

Повеќе пари, повеќе проблеми – изгледа дека тоа е сепак вистина. Во едно данско истражување во кое учествувале 200 илјади парови, дека мажите кои заработуваат помалку од своите жени, често имаат проблем до ерекцијата.

Сексот ги усреќува луѓето

На листата за најголемите задоволства, сексот се нашол на прво место, покажало истражување спроведено на Нов Зеланд. Покрај сексот луѓето ги усреќува и алкохолот, а децата се нашле дури на петто место.

Домашните задачи се рефлектираат врз сексот

Можеби мажот кои ги извршува домашните задачи, кој чисти, мие садови, брише прашина…е сон на многу жени, но истражувањето покажало дека тие мажи поретко уживаат во сексот, во однос на припадниците на посилниот пол кои тоа не го прават.Можната причина за овие резултати е дека на жената сепак попривлечен и е мажот кој што нешто поправа низ куќата отколку тој што ја држи пеглата.

Сексот ја ублажува главоболката

Тоа значи дека женскиот изговор „ме боли главата“ повеќе не важи. Истражувања спроведени врз 8 илјади луѓе кои патат од чести главоболки и врз 200 од тие кои што патат од мигрена, докажуваат дека после сексот на голем број од нив болката им се намалува, а некои изјавиле и дека по сексот главоболката им исчезнува.

Двојките кои заедно патуваат имаат подобар секс

Двојките кои барем еднаш годишно патуваат заедно имаат исполнет сексуален живот за разлика од тие кои тоа не си го приуштуваат. Очигледно е дека тоа немора да биде некоие луксузно патување, но голем број двојки сметаат дека најдобар начин на одржување на „огинот“ во креветот е заедничкото викенд патување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top