| четврток, 6 декември 2018 |

Дронот летна и донесе само казни за Србија и Албанија

УЕФА ги објави казнените мерки и за Србија и за Албанија, односно само ги потврди претпоставките на српските медимуи, а конечниот епилог е само минуси и за двете федерации и репрезентации.

Или просто кажано летна дронот во Хумска, во Белград и не донесе ништо добро, ниту за Албанија, ниту за домаќинот Србија. Епилогот е службена победа за Србија од 3-0 и казна од три бода за нив, плус два меча без публика и олеснета каса за 100 илјади евра. Албанија ги плати уште подрастично политичките пораки истакнати на дронот во вид на знамето на Голема Албанија. Гостите загубија со 0-3, а и тие ќе платат скапа казна од 100 илјади евра.

Мишел Платини и УЕФА не се шегуваат и не сакаат полтика во фудбалот, па одлуката е сосема логична и во правец на искоренување на злото во фудбалот. Паднаа во вода шпекулациите за преигрување на мечот, за поблаги казни, за лобирање и влијание врз комисијата што одлучуваше за судбината на прекинатиот меч.

Србија си доби заслужена казна за лоша организација, за упад на теренот на Партизан на хулигани кои ги нападнаа гостинските играчи. Албанците се обидуваа да ја симнат од себе вината за дронот кој летна над стадионот на Партизан со политичка порака. Фудбалерите реагираа насилнички, потоа се криеше и иеднтитетот на лицата кои го направија целиот калабалак во Белград, но УЕФА покажа одлучност во намерата да не дозволи фудбалот да падне во канџите на политиката.

Srbija-Albaniaja-13

Мерки за мерак на искрените љубители на најважната споредна работа на светот. За памет за во иднина, за сите репрезентации, клубови и играчи што сакаат политички да се изразуваат на зелениот терен. Штета само за Ивановиќ, Коларов и дел од останатите репрезентативци на Србија кои постапија џентлментски и постојано за време на инцидентот ги штитеа своите колеги од албанската селекција. Тие се морални победници заедно со УЕФА во скандалот со дронот, кој донесе само казни, иако многумина се надеваа на поинаков исход.

 

Пишува: Зоран Поповски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top