| четврток, 6 декември 2018 |

Азиски држави формираа банка за финансирање на проекти од инфраструктурата

долари

Претставници на 21 држава од Азија денеска во Пекинг потпишаа спогодбата за формирање на Азиска банка за инвестиции во инфраструктурата, која во почетокот ќе располага со 50, а од идната година со 100 милијарди долари.

Мултилатералната институција ќе има главна централа во Пекинг, а ќе поддржува инвестициони проекти за изградба на патишта, аеродорми, брани, мостови и слични развојни проекти.

Меѓу оснивачите, покрај Кина, се и Сингапур, Индија, Тајланд и Малезија. Пристапувањето го одбиле Австралија и Јужна Кореја, а одлуката за тоа дали Индонезија ќе биде дел од банката треба да ја донесе новоизбраниот претседател Видодо.

Првите реакции говорат дека новата банка ќе биде голем конкурент на Светската банка и Азиската банка за развој, институции во кои побогатите азиски држави немаат влијание во одлучувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top