| четврток, 6 декември 2018 |

Претставување на публикациите на ЕСЧП на македонски јазик

Публикацијата „Водич за членот 5 од ЕКЧП“ и „Извештајот од истражувањето за позитивните обврски во согласност со членот 10 од ЕКЧП“ денеска ќе бидат промовирани во Скопје.

presuda

Промоцијата е во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Народниот правобранител и Адвокатската комора, а во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка

Излагање ќе има македонскиот судија во Европскиот суд за човекови права, Мирјана Лазарова – Трајковска, која ќе говори за „Судската практика на Европскиот суд за правата на човекот во однос на слободата на изразување и интернет“.

Манифестацијата, која ќе биде отворена со поздравен збор на германската амбасадорка Кристине Д. Алтхаузер, е дел од активностите на Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), кои од 2000 година се спроведуваат по налог на Владата на Германија,  со средства на германското Министерство за надворешни работи од германскиот придонес кон Пактот за стабилност за Југоисточна Европа. Во рамките на овие активности ИРЗ редовно објавува правни публикации на македонски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top