| четврток, 6 декември 2018 |

Српската полиција знаела дека Моринај подготвува инцидент!

ismail morinaj

Српската полиција имала информација дека Албанецот Исмаил Моринај (32) подготвува диверзија на стадионот на Партизан, но ја пропуштила можноста да го сопре.

– Полицијата имала информација дека токму Моринај подготвува некоја диверзија на натпреварот Србија-Албанија. Српското МВР на 10 октомври од Италија добило информација (четири дена пред натпреварот) дека Моринај, кој живее во Фиренца и има италијански пасош, ќе дојде во Србија со намера да предизвика диверзија. Дури е јавено дека во Србија, најверојатно, ќе влезе преку граничниот премин со Хрватска, Батровци и тоа со автомобил „пежо“ – пишува весникот „Наше новине“.

Управата на српската полиција веднаш ја предупредила пограничната полиција да го сопрат и детално да го прегледаат. Наложено е ако забележат сомнителни предмети веднаш да преземат неопходни мерки, наведува соговорникот на весникот.

Моринај се појавил на границата уште следниот ден, на 11 октомври околу 13 часот.

Веднаш биле преземени противдиверзантски мерки.

– Јавено е дека Моринај е детално прегледан, но освен патна торба во која имал лични работи и детска играчка „хеликоптер“ не забележале сомнителни предмети. Рекле дека ништо не било спорно и го пуштиле да влезе во Србија – вели изворот.

Полицијата подоцна утврдила дека „играчката“ е од кинеско производство и дека е купена во Италија, а била употребена на натпреварот Србија-Албанија. Знамето со Голема Албанија Моринај го внел сошиено во ракавот од јакната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top