| четврток, 6 декември 2018 |

Во Хрватска нема веќе турски серии

Деновиве на хрватската телевизија „РТЛ“ ќе се емитува последната епизода на „Сулејман Величествениот“ и засега во програмата на оваа телевизија нема најави за нови ориентални сапуници, зашто телевизијата која ги внесе турските серии на хрватскиот пазар одлучи да направи пауза.

Дека публиката е заситена од овие серии доказ е и потегот на раководниот тим на „Нова тв“, кој одлучи  поради слабиот рејтинг, неколку турски серии да симне од програма. Тоа се случи со серијата „Љубов,вера надеж“ која поради слабата гледаност беше тргната од програма. Нова жртва на слабиот рејтин беше „ Карадај“ која прекина да се емитува по 15 епизоди.

– Од Шехерезада до денес луѓето во ударните термини константно гледаа исто, беше неподносливо чувството на повторување, и кога постојано гледате едно исто нормално е интересот на публиката да падне. Уште еден голем проблем е што и „Шехерезада“ и „Езел“ и „Сулејман“ се снимени како драмски серии кои ние ги претворивме во сапуници. Кај Турците, една епизода трае 90 минути, а нашите ги кратеа и ги пуштаа секој ден – вели Небојша Тараба, хрватски тв експерт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top