Популарната српска пејачка Рада Манојловиќ има тажна вест за своите фанови која ја објави на својот „Фејсбук“ профил.
– Пред се, вие знаете дека јас никогаш не сум откажала настап, без разлика колку здравјето ми било лошо. Често ги игнорирав советите на докторите, па многу пати пеев настината, со температура и кога сум се чуствувала лошо и исцрпено… Дури сум пеела и со укочен грб, во патики, со големи болки, иако докторите тоа ми го забраниле. Многу пати свесно одев против своето здравје, со желба да не изневеран никој од вас, кои ме чекате секој пат во некој друг град, дискотека. За жал, сега поради проблемот со грлото кој го имам веќе два месеци, од кој никако неможам да се опоравам бидејќи константно работам (но и поради предупредувањето од докторот дека ми е неопходен одмор од месец дена, за грлото да ми се одмори и врати во форма), приморана сум да ги откажам сите настапи во ноември. Со самото тоа, ќе ја поместам и премиерата на новиот албум, бидејќи не сакам тоа да биде направено набрзина. Вие не заслужувате такво нешто, туку само најдоброто, и јас сакам тоа да ви го пружам. Однапред ви благодарам за разбирањето и трпението, тука сепак се работи за здравје, мора малку да мислам на себе, немојте да ми замерувате и знам дека ќе ме разберете… истакна пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ненадејно почина пејачката на „Кренберис“
-
Си ја отвори душата: Македонската пејачка која ги изгуби ќерката и сопругот проговори за случајот
-
Ја сликале гола и ја уценувале – еве како реагираше познатата пејачка
-
Татко ѝ ја напуштил кога имала само два месеци, а денес е најпозната пејачка: Знаете ли кој е на фотографијата?


