За сите граѓани на Република Македонија денес е неработен ден. Го празнуваме Денот на Македонската Револуционерна Борба.
До крајот на 2014-та година останува само уште еден неработен ден- 8-ми декември кога се празнува „Свети Климент Охридски“.
Овој ден ќе биде неработен за сите граѓани на Република Македонија.
Сепак, граѓаните со католичка вероисповед нема да работат на уште два дена. Први ноември (сабота), на Празникот на сите светци и на 25-ти декември кога тие празнуваат прв ден Божиќ.
Албанците го празнуваат и не работат на Денот на албанската азбука- 22-ри ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


