
Не ви требаат причини за да одите в кревет со партнерот, но понекогаш сме толку преокупирани со други обврски што едноставно го забораваме или го занемаруваме сексот. Да, се случува и тоа. Пронајдовме за вас неколку духовити причини зошто треба да практиткувате секс – уште веднаш!
1. Денес не бевете во теретана, на тренинг или на фитнес, а калориите нема да согорат сами по себе!
2. Соседите од станот над вас правеа голема забава минатиот викенд – сега е ред на вас да не им дозволите да спијат! Ако не сакате забава во својот стан, бучниот секс е одлична алтернатива.
3. Се разбудивте порано утрово и… заслужувате награда. Време е за утрински секс!
4. Вечерта е многу здодевна, цел ден ви беше тмурен. Планиравте да излезете, прошетка со кафе со другарките, но надвор врне и ладно е. Сексот е одлична причина да останете дома и да се загреете!
5. Нарачавте кинеска храна и размислувате како да „утепате“ време додека не стаса доставата? Одлучете се за секс набрзина.
6. Настинавте. Всушност, кашлате, а имате чувство како да се „закачиле“ сезонски грип. Истражувањата покажаа дека сексот го подобрува имунолошкиот систем.
7. Бевте на депилација. И кој знае кога повторно ќе одите бидејќи пред на се студени денови.
8. Почетниот стадиум на ПМС. Се уште сте расположени за секс, а со оглед на тоа што идната недела ќе ви биде пеколна, искористете ја вечерта за интимно дружење со партнерот.
9. Оргазам. Дали ви треба дополнително објаснување?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


