| четврток, 6 декември 2018 |

УЕФА ја одложи одлуката за натпреварот Србија-Албанија – кои се можните сценарија

golema albanija znameУЕФА во текот на денешниот ден требаше да донесе одлука за прекинатиот квалификациски фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија, но одлуката е одложена за утре.

Сепак, ова нема да биде одлука за евентуални казни за српскиот албанскиот фудбалски сојуз, затоа што за тоа ќе се расправа најверојатно следниот месец.

Има четири можни сценарија за расплет на овој натпревар. Победник со службен резултат 3:0 може да биде Србија или Албанија, во зависност од тоа кого УЕФА ќе обвини за прекинот на натпреварот. Фудбалскиот натпревар во Белград може и да се повтори без гледачи, а можно е и да се игра на неутрален терен, исто така без гледачи.

Според неофицијални најави од УЕФА, токму ова последното се смета за најизгледно решение. Доколку, пак, натпреварот се регистрира во корист на една репрезентација, тоа ќе биде јасен знак дека другата следниот месец може да очекува драстична казна заради неодигрувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top