
Претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денеска упати честитка до сите граѓани на Република Македонија.
– Одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба e потсетник за првата семакедонска организација и нејзината најголема цел да го обедини македонскиот народ и да ја исполни вековната желба за слободна Македонија. Македонската револуционерна организација е поттикнувачката сила и олицетворение на македонскиот непокор преку кој ќе се води бoрбата на сите генерации кои ќе следат до конечно остварување на најголемиот сон за слободна и независна Македонија – вели во честитката Вељаноски.
Подвлекува дека наша должност кон нашите револуционери, херои и борци е никогаш да не го заборавиме нивниот пат исполнет со безброј тешки препреки, но тоа е и единствениот пат кон успехот кој мораме и ние да го изодиме. – Ние мораме да ја чуваме слободата и независноста на Република Македонија, да го чуваме нашиот идентитет, нашето културно и духовно наследство, бидејќи тоа е долг кон нашите предци и обврска за нашите поколенија, истакнува претседателот на Собранието.
Јас сум уверен, нагласува Вељаноски во честитката, дека заедничка ни е определбата кон изградбата на нашата татковина Република Македонија во силна, модерна и напредна држава, со која ќе сме горди и посветено ќе работиме на успешно надминување на сите предизвици кои ќе следат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите
-
Мицкоски го честита Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите
-
Мицкоски со честитка до припадниците на АРМ: Нашите војници ги исполнуваат највисоките НАТО стандарди!
-
Претседателот Иванов го честита Рамазан-Бајрам: Дозволете ми овој ден да повикам на слога и заедништво


