
Францускиот доктор Жан-Франсоа Пајен кој го лечеше Михаел Шумахер по несреќниот пад на скијање, изјави дека Германецот веќе не е во кома и дека неговото закрепнување ќе трае три години.
Пајен прогнозата за рехабилитацијата на поранешниот светски шампион во Формула 1, ја даде по посетата во куќата на Шумахер која се наоѓа во местото Гленд во близина на Женевското езеро во Швајцарија.
– Животот по повреда на главата е одбележан во фази. Се надеваме на добро и мора да му дадеме време да закрепне – рече докторот кој прв по несреќата му помогна на седумкратниот Ф1 шампион.
Шумахер повредата на главата ја доби во декември минатата година. На домашно лечење се наоѓа од 9 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова надеж за семејството, Шумахер се селат на Мајорка
-
Продадоа авион за да ги исплатат трошоците за лекувањето – семејството на Шумахер се уште се бори за него
-
Објавени официјални информации за Шумахер, еве што се случува со него во моментов
-
По четири години пријател на Шумахер ја откри вистината за здравствената состојба


