| четврток, 6 декември 2018 |

Шест месеци затвор за поткуп за Виктор Божиновски

viktor bozinovskiНа затворска казна во траење од шест месеци Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска го осуди Виктор Божиновски, раководител на Секторот за имотно-правни и општи работи во Општина Куманово, кој се товареше за примање поткуп. Пресудата за Божиновски доаѓа по нецел месец од неговото апсење во едно кумановско кафуле во момент кога тој зел поткуп.

Божиновски, во својство на раководител на Секторот за имотно-правни односи, при поведена постапка за легализација на доградба на куќа и по извршен инспекциски надзор од Секторот за урбанизам и градежништво на жител на Куманово требало да му потпише Решение за уривање иако заинтересираната странка одбила да го потпише решението за уривање, договорил поништување на одлуката, а за возврат требало да прими 1.000 евра.

Всушност за за договорената сума сега осудениот требало да издејствува поништување на веќе донесена одлука и носење на нова со која ќе се дозволи легализација на бесправно изградена доградба . на 17 септември нему му биле исплатени 600 евра, но втората рата од 400 евра не му била дадена, па тој на 25 истиот месец во неколку наврати телефонски го контактирал граѓанинот но тој за парите кои му биле барани ја известил полицијата.

Со криминалистичко-технички обработени банкноти странката се упатила на средба со Божиновски . Средбата била остварена во кафуле во близина на спортската сала во Куманово. Полицијата по извршен претрес кај Божиновски пронашла 24 илјади денаро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top