| четврток, 6 декември 2018 |

Децата, студентите и пензионерите бесплатно во словачките возови

bratislava zeleznickaОд 17 ноември, словачките пензионери, деца под 15 години и студенти до 26 години, ќе можат бесплатно да го користат железничкиот сообраќај, кој ќе биде засилен со дополнителни возови, одлучи лево-ориентираната Влада на премиерот Роберт Фицо. Бесплатното возење се однесува само на линиите кои се субвенционирани од државата, а промените се однесуваат и на приватниот превозник РегиоЏет и тоа посебно на патот од Братислава да Комарно во јужниот дел на земјата, линија која користи државни субвенции.

– Одлучивме да им помогнеме на најзагрозените социјални групи од населението кои се во тешка ситуација, рече министерот за транспорт Јан Почјатек, според кого, од средината на декември словачката железница ќе биде збогатена со повеќе од 100 патнички возови. Бесплатното патување во втора класа во возовите, за деца, студенти и пензионери, на луѓето годинава, им беше ветено од партијата на Фицо, СМЕР- Социјална демократија, што беше и презентирано како еден од чекорите за подобрување на животниот стандард на луѓето.

Според Министерството за транспорт, мерката ќе чини најмалку 13 милиони евра, кои ќе бидат обезбедени од државната каса. Се очекува, мерката да привлече повеќе патници, бидејќи железницата во минатотот беше принудена да ги намалува, па дури и да прекине одделни регионални железнички линии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top