| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Економскиот раст во 2016 година ќе биде меѓу најголемите во Европа

vucic
Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека економскиот раст на Србија во 2016 година ќе биде еден од најголемите во Европа, а значаен пораст се очекува веќе следната година.

Тој истакна дека економскиот раст минатата година изнесувал 2,5 отсто, што според него „е повеќе отколку претходните 10 години“, додека невработеноста е намалена за 46.588 лица.

– Во оваа земја никогаш нема да се живее како бубрег во лој, како што зборуваа некои пред мене, но економијата ќе биде неспоредливо подобра и поздрава, нагласи Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top