Македонија и Украина имаат одлична соработка на сите нивоа, а новиот македонски амбасадор во Киев, Столе Змејкоски, најавува дека во следниот период интензивно ќе се работи на надминување на малиот застој во односите поради кризата во земјата.
– Ќе се динамизираат односите во политичка смисла преку иницирање нови билатерални посети, истакна Змејкоски, кој денеска имаше свое претставување пред собраниската Комисија за надворешна политика, посочувајќи дека посебен акцент треба да се стави на економската соработка.
– Најголема трговска размена имавме во 2011 година, но во последните две години таа опаѓа. Меѓутоа, активностите на амбасадата и на други институции придонесоа оваа година да имаме две инвестиции од Украина, изјави Змејкоски.
Една е инвестицијата вредна 18 милиони долари на компанијата „Енергија“ која произведува пречистителни системи и ќе вработи 150 луѓе, додека другата е претпријатието „Константиновски“ кое доби три дозволи за геолошки истражувања и ќе отвори фабрика за преработка на бакар. Оваа инвестиција е 100 милиони долари, а фабриката ќе вработува 150 лица.
Бројот на туриски од Украина во Македонија е зголемен, а Змејкоски изрази надеж дека по оваа криза овој раст ќе се зголеми.
Најави обновување на реципрочниот договор за безвизен режим меѓу двете земји имајќи предвид дека тој за македонските државјани важи до 2015 година, а за украинските до 2018 година. Најави дека ќе биде реализирана и средбата меѓу двете комори што требаше да се одржи во Киев, но поради кризата во Украина беше одложена.
Од областа на образованието, новиот амбасадор ќе работи на потпишување договор за взаемно признавање на дипломите. Ќе продолжи соработката и во други области како културата, здравството…
Комисијата за надворешна политика на денешната седница ја прифати ратификацијата на Договорот меѓу Република Македонија и на Република Италија за социјална сигурност.
Пратениците изразија задоволство што е постигнат ваков договор имајќи го предвид бројот на македонските иселеници во Италија.
– Само во градот Канели има 6.000 македонски иселеници односно неофицијално 8.000 од Виница и околината. Нивното Здружение изрази задоволство за договорот поради бенефициите што ќе ги добијат од него, изјави пратеничката Магдалена Манаскова од ВМРО-ДПМНЕ.
Павле Трајанов од Демократскиот сојуз рече дека земјите-членки на ЕУ ги редуцираат правата во однос на државјаните на земји кои не се во Унијата. Така доколку пензионерот живее во Германија, на пример, посочи Трајанов, ќе зема пензија онолку колку што му следува, но доколку го продолжи животот надвор од неа пензијата му е помала. Според него, треба да се провери дали со овој договор се кратат правата на нашите граѓани.
Пратениците на Собранието ќе му предложат ратификација на Договорот меѓу владите на Македонија и на Србија за реципрочно признавање на возачките дозволи. Ова ќе овозможи граѓаните да ја минуваат границата без сега потребната меѓународна дозвола. Македонија вакви договори има склучено со Италија, Франција, Шпанија, Албанија и Црна Гора, а иницијативи ваков договор да се склучи има и со Словенија, Турција и Германија.
Пратеникот Антонио Милошоски смета дека вакви договори треба да се склучат со сите соседни земји, имајќи предвид дека граѓаните најмногу таму патуваат како Косово, Бугарија и доколку е можно со соседна Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


