Британската полиција уапси 25-годишна жена под сомнение за терористичка активност поврзана со граѓанската војна во Сирија, пренесува „Ројтерс“. Од Лондонската антитерористичка команда јавуваат дека апсењето е извршено во англиското грофовијата Бедфордшер, северно од главниот град. Жената, осомничена дека подготвува терористички акти, била одведена на сослушување во полициска станица во Лондон, а две згради во Бедфордшер биле претресени.
Минатата недела четворица мажи беа соочени со британскиот суд, под обвинение дека се поддржувачи на Исламска држава (ИД) во Ирак и Сирија и се подготвувале за напади врз полицајци и војници по улиците на Лондон. Вчера началникот на лондонската полиција Бернард Хоган-Хоу соопшти дека најмалку петмина британски поданици неделно заминуваат за Ирак или Сирија за да станат борци на ИД.
Минатата недела беше објавено дека од почетокот на годината досега во Велика Британија се извршени 218 апсења за врски со ИД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре



