| четврток, 6 декември 2018 |

Нов случај на украдени регистарски таблици од македонско возило во Солун

tablici

На Граничниот премин „Богородица“ во неделата – 19. октомври е пријавен уште еден случај на украдени регистарки ознаки на возило на македонски државјанин во соседна Грција.

Случајот е пријавен од страна на лицето М.Н.Е. од Скопје во чија сопственост е возилото марка ,,Митсубиши’’ на кое е одземена предната регистарска ознака. Кражбата на регистарската ознака се случила на 17. октомври во Солун.

Сопственикот на возилото, случајот не го пријавил во грчката полиција, соопшти денеска МВР.

Со овој нов случај на одземена регистарска ознака вкупната бројка достигнува петнаесет, а досега регистрирани се и седум оштетени возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top