Албанскиот политичар Кочо Данај, предводник на листата „За природна Албанија“, бара албанската граница да се протега од црногорски Улцин до грчкиот Рт Стилос.
Во изјава доставена до црногорски весник Данај вели дека треба да се елиминираат вештачки создадените граници меѓу Албанците на Балканот.
– „Природна Албанија“ е прогресивна европска идеја. Додека е обединувањето на Албанците гаранција за стабилноста на Европа, како приврзаници на „Природна Европа“ одбиваме да се откажеме од нашата замисла во име на празни пароли кои секогаш ни се нудени – изјавил Данај.
Тој нагласува дека албанскиот народ е неправилно поделен и дека неговите припадници сега живеат во повеќе држави, со што се намалуваат потенцијалите за развој и напредок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија