| четврток, 6 декември 2018 |

Марковиќ: Домашните џихадисти му се закануваат на Балканот

Учеството на граѓаните од земјите на регионот на Балканот во борбите на групацијата Исламска држава може да предизвикаат сериозни проблеми на Балканот, оцени денеска црногорскиот министер за правда Душко Марковиќ.

markovic

– Знаеме дека дел од црногорските граѓани учествуваат во разни групи, кои се активни во борбите на Блискиот Исток, но тој број засега е незначителен. Доколку зборуваме за регионот во целина, таа бројка е многу поголема и може да предизвика бројни проблеми на Балканот, рече Марковиќ.

Тој истакна дека е мошне важно да се реагира веднаш, со цел тој проблем да се неутрализира.

– Неколку земји во регионот веќе најавија нови измени на Кривичниот законик, а ние тоа го сторивме по резолуцијата на Обединетите нации за ИД во септември. Деновиве ќе организираме јавна расправа за тој закон, кој би ги казнил не само луѓето од Црна Гора, кои се борат на тие бојни полиња, туку и тие кои им го организираат патот, прецизираше Марковиќ.

Тој меѓутоа укажа дека усвојувањето на законит е само еден дел од решението на тој проблем.

– Мораме да гарантираме силна институционална рамка за здравиот дел од исламската заедница на Балканот, со цел да го спречиме просторот за екстремистите. Акцијата не може да биде само легислативна, туку и политичка, смета Марковиќ.

– Создавање на исламска држава е опасност не само за Европа, туку и за целиот демократски свет, па реакциите не сметат да бидат само воени, туку и политички, социјални и економски, додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top