| четврток, 6 декември 2018 |

Ивановски: Како што ни тргна, би можеле и на голем фудбалски собир

Интервју со македонскиот фудбалски репрезентативец Мирко Ивановски, објавено во 12-от број на неделникот „Република“ (23 ноември 2012)

Mirko-Ivanovski-1

Во со­лид­на­та кон­ку­рен­ци­ја што ја има на рас­по­ла­га­ње, се­ле­кто­рот Че­де Ја­нев­ски, од име­ну­ва­ње­то, нај­че­сто се ре­ша­ва пр­ва на­па­ѓач­ка оп­ци­ја да би­де чле­нот на ро­ман­ска Астра Пло­е­шти.

 

Мир­ко, ка­ко ти е на ро­ман­ско-бу­гар­ска­та гра­ни­ца. Од перс­пе­кти­ва на тво­ја Би­то­ла, тоа е и бли­ску и да­ле­ку. 
Ивановски: Сме­стен сум во гра­дот Пло­е­шти, бли­зу до Бу­ку­решт, а нат­пре­ва­ри­те со Астра ги игра­ме во Ѓу­риу, кој е на 120 ки­ло­ме­три од­да­ле­че­ност. Би­то­ла и од две­те точ­ки ми е да­ле­ку, а би­деј­ќи за неа мис­лам де­ка е ед­на и не­за­мен­ли­ва, ми не­до­сти­га, и тоа мно­гу.

Се­га ве­ќе мо­жеш да пра­виш спо­ред­ба: и на жи­во­тот во че­ти­ри зем­ји и на фуд­ба­лот што се игра кај нас, во Че­шка, во Пол­ска и во Ро­ма­ни­ја?
ИвановскиСи­гур­но де­ка Че­шка и Пра­га се при­каз­на за се­бе, ка­ко во пог­лед на кул­ту­ра­та, тра­ди­ци­ја­та, стан­дар­дот на жи­ве­е­ње, па сѐ до ре­но­ме­то на клу­бот. За жал, Сла­ви­ја за­пад­на во го­ле­ма кри­за по­ра­ди што по­ве­ќе­то од игра­чи­те бев­ме при­ну­де­ни да ба­ра­ме нов клуб.

Што го­во­ри транс­фе­рот од ле­то­ска од Ар­ка Гди­ња во Астра Пло­е­шти. На­пре­док или стаг­на­ци­ја во ка­ри­е­ра­та?
ИвановскиДо­кол­ку ја пог­лед­не­те та­бе­ла­та во Ро­ма­ни­ја ќе ви­ди­те ка­де е мо­јот клуб и од­го­во­рот е по­ве­ќе од ја­сен. Во кон­ку­рен­ци­ја на тол­ку го­ле­ми ими­ња, мо­мент­но го де­ли­ме вто­ро­то ме­сто, а мо­ра да приз­на­е­те де­ка ли­га­та е на исто ни­во, ако не и по­до­бра од пол­ска­та Ек­страк­ла­са. Впро­чем, ре­зул­та­ти­те на ро­ман­ски­те еки­пи во европ­ски­те ку­по­ви се нај­до­бар по­ка­за­тел.

Цик­лич­но, за те­бе има ин­те­рес и од за­пад­но­е­вроп­ски еки­пи, по­кон­крет­но од Бун­дес-ли­га­та. Зо­што за­се­га не­ма ре­а­ли­за­ци­ја на транс­фер та­му?
ИвановскиВо Ро­ма­ни­ја сум са­мо шест ме­се­ци, играм стан­дард­но и се ра­ду­вам на ус­пе­си­те на еки­па­та. Мис­лам де­ка е сѐ уште ра­но за нај­а­ва на нов транс­фер за кој, искре­но, во мо­мен­тов не ни раз­мис­лу­вам. Но, до­кол­ку при­стиг­не до­бра по­ну­да, ко­ја би ги за­до­во­ли­ла апе­ти­ти­те на Астра и мо­и­те, и до­кол­ку мо­јот се­га­шен клуб ја при­фа­ти таа по­ну­да, то­гаш би мо­же­ле да раз­го­ва­ра­ме на таа те­ма.

Mirko-Ivanovski-2

За­се­га си са­мо еден од но­ви­от бран на Ја­нев­ски, но ка­ко што ста­ну­ваш стан­дар­ден, ќе мо­ра да се со­о­чиш со то­ва­рот на ус­пе­си­те и на не­ус­пе­си­те. Под­го­твен ли си за та­ква рол­ја?
ИвановскиЈас и не сум баш нов во че­та­та на Ја­нев­ски би­деј­ќи и прет­ход­но бев стар­тер на не­кол­ку нат­пре­ва­ри, до­де­ка се­ле­ктор бе­ше Џон То­шак. На еден од тие нат­пре­ва­ри (Ма­ке­до­ни­ја – Ан­до­ра з.а) го по­стиг­нав и пр­ве­не­цот во ре­пре­зен­та­ци­ја­та. На­ста­пи­те во дре­сот со нај­у­бав грб тре­ба да се гор­дост и по­себ­на чест за се­кој што ќе до­бие шан­са, но све­сен сум де­ка прет­ста­ву­ва и огром­на од­го­вор­ност. Знам де­ка си­те оче­ку­ва­ат плас­ман на го­ле­мо нат­пре­ва­ру­ва­ње и се на­де­вам де­ка во на­ред­ни­те го­ди­ни, ко­неч­но, ќе го из­бо­ри­ме тој дол­го­о­че­ку­ван на­стап.

Те из­не­на­ди ли тво­е­то вклу­чу­ва­ње во старт­ни­от тим во три од пет­те ме­ча под водс­тво на Ја­нев­ски?
ИвановскиСо ог­лед на кон­ку­рен­ци­ја­та во на­па­дот, мал­ку да, ме­ѓу­тоа ако зе­ме­ме пред­вид де­ка сум стан­дар­ден во Астра и де­ка по­стиг­ну­вам по­го­до­ци (пос­лед­ни­от ми­на­ти­от ви­кенд про­тив Клуж на го­сти з.а.), не­ма тај­на и де­ка оче­ку­вав да би­дам дел од пр­ви­те 11.

Оста­на на тој гол од ду­е­лот со Ан­до­ра. До­се­га ефе­ктот не ти е сја­ен, еден гол во 11 нат­пре­ва­ри. Ќе се сог­ла­сиш де­ка е тоа пре­мал­ку, без ог­лед што дел од шан­си­те се на пар­че?
ИвановскиСе раз­би­ра де­ка стои таа кон­ста­та­ци­ја. Имав уште не­кол­ку уба­ви шан­си за по­стиг­ну­ва­ње гол (пред сѐ таа на нат­пре­ва­рот со Шкот­ска), но, ед­но­став­но, ми не­до­сти­га­ше и мал­ку сре­ќа. Се на­де­вам де­ка тоа бр­зо ќе се про­ме­ни, а мое е на­пор­но да ра­бо­там и да ја по­до­брам ефи­кас­но­ста. Не са­кам да зву­чи ка­ко али­би, ме­ѓу­тоа јас мно­гу че­сто играм на раз­лич­ни по­зи­ции и мно­гу ре­тко на­ста­пу­вам ка­ко кла­си­чен шпиц, па мо­же­би и тоа е ед­на од при­чи­ни­те. Се­пак, ко­га се ра­бо­ти за ре­пре­зен­та­ци­ја­та, нај­би­тен е ре­зул­та­тот и не се оп­то­ва­ру­вам прем­но­гу со мо­јот ефект, сѐ до­де­ка има­ме до­бри ре­зул­та­ти, без раз­ли­ка да­ли јас или не­кој друг ќе ја тре­се про­тив­нич­ка­та мре­жа.

Чув­ству­ваш ли ви­на, иа­ко не е до те­бе, што Ри­стиќ, се чи­ни, го за­вр­ши сво­е­то со „цр­ве­но-жол­ти­те“. Ка­ко ти, или ка­ко во­оп­што, се чув­ству­ва­ат спор­ти­сти­те што ин­ди­рект­но се при­чи­на за ре­ак­ци­ја на по­во­зрас­ни­те?
ИвановскиМис­лам де­ка јас не­мам ни­ка­ква вр­ска со тоа и, ре­ал­но, не би са­кал да ко­мен­ти­рам ни­што на таа те­ма. Јас го по­чи­ту­вам ка­ко со­и­грач и играч што има од­лич­на ин­тер­на­ци­о­нал­на ка­ри­е­ра.

Што се сме­ни во ре­пре­зен­та­ци­ја­та по до­а­ѓа­ње­то на Ја­нев­ски. Не­што дра­ма­тич­но фуд­бал­ски во де­лот на под­го­то­вка, та­кти­ка или во пси­хо­ло­шки­от при­стап. Да­ли во­оп­што е тоа та­ква про­ме­на ка­ко што са­ка јав­но­ста да ја до­жи­вее?
ИвановскиСе сме­ни во дис­цип­ли­на­та, ко­ја Ја­нев­ски ја до­ве­де на мно­гу ви­со­ко ни­во, под­го­то­вка­та на се­кој тре­нинг, нат­пре­вар, ка­ко на те­ре­нот та­ка и над­вор од не­го. Има про­ме­ни во кре­и­ра­ње­то на та­кти­ка­та и во усо­вр­шу­ва­ње­то на по­е­дин­ци во неа, и на пси­хо­ло­шки план, од­нос­но под­го­то­вка на се­кој играч ин­ди­ви­ду­ал­но.

Кој ти од­го­ва­ра најм­но­гу за парт­нер во фо­рот. И од ко­го најм­но­гу мо­жеш да оче­ку­ваш ко­га си нај­и­сту­рен во ре­пре­зен­та­тив­ни­от на­пад. Пан­дев, Та­сев­ски, Ибра­и­ми, Ха­са­ни?
ИвановскиБез ни­ка­кви ди­ле­ми Го­ран Пан­дев. И ова не го го­во­рам са­мо за­тоа што е наш нај­до­бар фуд­ба­лер ту­ку за­тоа што ко­га е тој по­крај ме­не, јас сум си­гу­рен де­ка се­ко­гаш ќе до­би­јам на­вре­ме топ­ка и ќе ме „из­ва­ди“ во чи­ста си­ту­а­ци­ја за гол. И дру­ги­те што ги на­бро­ја­вте се од­лич­ни игра­чи, но Го­ран е тој со ко­го би са­кал да сум во на­па­дот.

Мо­же­ме ли да на­пра­ви­ме не­што по­ве­ќе во те­ков­ни­те ква­ли­фи­ка­ции за СП. Ни­кој ов­де не ба­ра плас­ман или ба­раж, но де­сет бо­да во ва­ква гру­па би би­ле иде­ал­ни?
ИвановскиЗо­што да не? Мис­лам де­ка тоа е ре­ал­но за оче­ку­ва­ње. На пос­лед­ни­те нат­пре­ва­ри, вклу­чу­вај­ќи го и тој со Сло­ве­ни­ја, ви­дов­ме де­ка мо­же­ме не са­мо да се на­ди­гру­ва­ме, ту­ку и да по­бе­ди­ме сил­ни ре­пре­зен­та­ции. Мис­лам де­ка на­ше­то вре­ме до­пр­ва до­а­ѓа.

За те­бе ва­жи де­ка си пос­лед­ни­от изра­сток на не­ко­гаш про­чу­е­на­та би­тол­ска шко­ла. Што фа­ти, кол­ку на­у­чи ти под „Тум­бе ка­фе“?
ИвановскиНа­ви­сти­на мно­гу. Би­то­ла да­ва­ла, да­ва и, се на­де­вам, и во ид­ни­на ќе да­ва мно­гу ре­пре­зен­та­тив­ци. За жал, во пос­лед­ни­те го­ди­ни си­ту­а­ци­ја­та та­му не е сјај­на и тоа трае пре­дол­го. Јас сум им мно­гу бла­го­да­рен на си­те тие со кои имав мож­ност да ра­бо­там и да учам до­де­ка бев во дре­сот со нај­о­ми­ле­на­та зе­ле­но-бе­ла бо­ја.

Mirko-Ivanovski-3Тра­ди­ци­о­нал­но фуд­бал­ски: ра­на же­нид­ба

Со Хри­сти­на сум ве­ќе ед­на го­ди­на во брак, нон­стоп е со ме­не кај и да па­ту­вам, и си вр­вам пре­крас­ни мо­мен­ти со неа, ужи­вам во бра­кот и мис­лам де­ка на­пра­вив­ме па­ме­тен по­тег. Таа е нон­стоп по­крај ме­не и, се­ка­ко, ме под­др­жу­ва во се­кој по­тег – ве­ли Ива­нов­ски, кој приз­на­ва де­ка со при­друж­ба е и по­лес­но и по­у­ба­во.

Ти не­до­сти­га ли Би­то­ла? Те ма­чи ли но­стал­ги­ја или тоа по три-че­ти­ри го­ди­ни над­вор ста­ну­ва не­што нор­мал­но?
ИвановскиБи­то­ла се­ко­гаш ќе ми би­де во ср­це­то, ќе ја спо­ме­ну­вам на­се­ка­де и се­ко­ја мож­ност што ја имам ја ко­ри­стам за вра­ќа­ње во род­ни­от град, по­се­та на фа­ми­ли­ја­та и на при­ја­те­ли­те, дру­же­ње со мо­и­те дру­га­ри и за из­ле­гу­ва­ње на Ши­рок со­как. Би­то­ла е ед­на и не­за­мен­ли­ва, па от­ту­ка и нор­мал­но е да ми не­до­сти­га, ка­де и да сум и кол­ку и да е уба­во та­му.

Кол­ку го­ло­ви­те и фуд­бал­ски­от на­пре­док или, пак, па­ри­те се са­ти­сфак­ци­ја за мла­дост по­ми­на­та во фуд­бал­ски кам­по­ви, тре­нин­зи, па­ту­ва­ња?
ИвановскиВо по­че­то­кот раз­мис­лу­ва­те са­мо за на­пре­док и коп­не­е­те за игра­ње на не­кој го­лем ста­ди­он и во си­лен клуб. Ка­ко млад во­оп­што не гле­да­те од фи­нан­си­ски ас­пект. Ко­га ве­ќе тоа
ста­ну­ва по­про­фе­си­о­нал­но, то­гаш и жел­ба­та што по­до­бро да се за­ра­бо­ти е нор­мал­на ра­бо­та. Но, ка­ко млад мис­лам де­ка се­кој играч тре­ба да се бо­ри за до­ка­жу­ва­ње, за на­пре­док, а па­ри­те и сил­ни­те до­го­во­ри ќе си дој­дат со те­кот на вре­ме­то.

Разговараше: Перо Момировски
Фото: Игор Ангеловски и Ѓорѓи Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top