Полициската станица во Кочани поднесе кривична пријава против лицето В.Ј.(45) од Кочани, вработена во АД „Македонска Пошта“- Скопје, Подружница ЦРПС Кочани, на работно место шалтерски работник, за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Таа со намера да се стекне со противправна имотна корист, во периодот на 2012 и 2013 година, искористувајки ја својата службена положба, во два наврати, паричните средства уплатени од страна на физички лица, по основ на плаќање фактури за воден надомест, во висина од 1.450 денари и Налог за плаќање на јавни приходи во висина од 1.720 денари, наместо да ги внесе во благајна, ги присвојувала за себе, на тој начин што уплатите ги сторнирала или истите воопшто не ги евидентирала. Покрај ова, пријавената директно, со налози за исплата на готовина, подигала пари од трансакциската сметка на физичко лице, коминтент во Поштенска банка, кои подоцна со уплатници делумно ги уплаќала на истата сметка, при што на овој начин присвоила парични средства во висина од 39.200 денари.
Со противправни активности пријавената ја оштетила АД „Македонска Пошта“ Скопје подружница Кочани за вкупен износ од 42.370 денари, при што физичките лица во меѓувреме биле обештетени од страна на АД „Македонски Пошти“- Подружница Кочани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.