| четврток, 6 декември 2018 |

Шведска: поевтина струја, помалку вработени

Siemens Vattenfall Offshore Windkraftpark LillgrundШведската енергетска компанија „Ватенфал“ соопшти дека планира до 2014 година да отпушти околу 2.500 работници, заради заштеда на 703 милиони долари поради падот на побарувачката на електрична енергија и намалувањето на цените на тој енергент.

Во соопштението се нагласува дека повеќето работни места ќе бидат укинати во Германија и оти околу 1.500 работници ќе бидат отпуштени во Берлин, Хамбург и Корбус. Околу 400 работни места ќе бидат укинати во Холандија, а исто толку и во Шведска.

Соопштението за отпуштање работници го објавија директорот на „Ватенфал“, Ојстен Лосет, и шефот на финансии Ингрид Боде, кои се состанаа со претставници на Европскиот работнички совет на оваа компанија.

Кон крајот на минатата година шведската компанија вработуваше околу 32.800 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top