| четврток, 6 декември 2018 |

Предупредување за нов опасен вирус на Карибите!

Предупредување за опасен вирус чикунгунија (Cikungunya-CHIKV) во Јамајка,  Доминиканска Република, Куба и други земји од Карибите.

mosquito

Поради зачестените случаи на зараза треба да бидете внимателни  доколку патувате во тој регион. Болеста се пренесува преку каснување од два вида комарци кои ги има на Карибите, а во моментов не постои вакцина за заштита од чикунгунија. Од заразата најзасегнати се Доминиканската Република и Јамајка, каде во врска со болеста пред неколку дена е прогласена вонредна состојба. Вчера први случаи  на заболени беа обелоденети и во Костарика. Меѓународните здравствени власти објавија дека справувањето со оваа болест е втората итна задача со која треба да се справат,  по онаа со еболата во Западна Африка . Инкубацијата трае  од 4 до 8 дена по каснување. Симптомите се, ненадејна треска, температура до 40 ° C и исклучително силни болки во зглобовите, кои водат до искривување на прстите и екстремитети.

Болеста сепак ретко завршува со смрт. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top