| четврток, 6 декември 2018 |

Почина главниот уредник на „Вашингтон пост“ кој го разреши Никсон

Ben Bradlee eve of the release of his book of memoirs 'A Good Life: Newspapering and Other Adventures' Washington DC

Познатиот американски новинар Бен Бредли, главен уредник на „Вашингтон Пост“ од времето на аферата Вотергејт во 70-те години на 20-от век, почина во својот дом на 93 годишна возраст.

Бредли остана познат по откривањето на скандалот, кој во 1974 година предизвика оставка на тогашниот американски претседател Ричард Никсон, но неговата заслуга е што успеа да го претвори овој вашингтонски весник во еден од најугледните и најпочитуваните гласила во САД.

Тој беше главен уредник на весникот од 1968 до 1991 година, а минатата година тој беше одликуван со претседателски Медал на слободата, највисокото американско цивилно одликување.

Бредли ја имаше главната улога во случувањата со и околу аферата Вотергејт, откако тој и тогашниот издавач и сопственик на весникот Кетрин Греам, одлучија да ги објават доверливи документи на американскиот Пентагон, во кои се наоѓаше тајната анализа за војната во Виетнам.

Скандалот почна кога пет лица извршија упад во просториите на Демократската партија во стабено-деловниот комплекс „Вотергејт“ во Вашингтон. Во инцидентот што се случи во јуни 1972 година, петмината требаше да постават опрема за прислушување и да ги снимат тајните документи.

Главниот уредник Бредли ги определи двајцата новинари од градската рубрика Боб Вудворд и Карл Бернстин да го следат и да го истражуваат случајот, што на крајот заврши како еден од најголемите политички скандали во САД, предизвикувајќи оставка на републиканскиот претседател Никсон на средината на неговиот втор претседателски мандат.

Бен Бредли беше новинар од 50-те години на 20-от век. Целиот свој живот остана силен подржувач на Демократската партија, како што тоа беше и сè уште е весникот „Вашингтон Пост“. Уште како млад новинар станува близок со Џон Кенеди, со кого беше пријател и кога овој демократски политичар беше претседател на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top