Со текот на годините, со развојот на цивилизацијата, се развивала и медицината. Така жените добиле повеќе сигурност кога станува збор за бременоста и породувањето, но и нивното здравје. Прочитајте како бременоста и породувањето се менувале низ историјата.
Некогаш одамна, жените се породувале стоејќи на цигли. Циглите служеле за жената да биде што повисоко како бабицата полесно би го фатила детето во текот на породувањето.
Кога луѓето престанале да го живеат номадскиот начин на живот и со самото тоа почнале да поминуваат повеќе време на едно место, почнале да користат столови за породување како би и се олеснило на жената.
Иако во денешно време ова ви звучи малку чудно, но на жените некогаш им давале алкохол за помалку да ги чувствуваат болките во текот на породувањето.
Жените од повисоките класи порано биле принудувани да се породуваат во јавност од причина да се избегнело манипулација околу заменување на бебето и слично.
Во некои јужноафрикански племиња жените можеле да се омажат исклучиво за време на самиот чин на породување, што и не може да се замисли некој да го изговара своето судбоносно „да“ за време додека ги чувствува породилните болки.
Во некои области, жените за време на породилните болки морале да подготвуваат торта поради верувањето дека тоа ќе им ги намали болките. Торта подготвена за време на породилните болки ја нарекувале „торта на воздишките“.
Се до 20 век не се посветувало многу внимание на хигиената и не пренесувањето на болестите и повеќето жени ги породувале со нечисти раце, па поради лошите услови и неразвиената техника на породување секоја жена била изложена на голема опасност по својот живот.
Лековите против болки кои се користат во текот на породувањето, откриени се во почетокот на 20 век, но тогаш била донесена забрана за нивно користење, затоа што се сметало дека женскиот животен пат е во издржување на болки.
Во индијанската култура жените се породувале стоејќи или клекнати за детето само да испадне од неа, а за да се ублажи падот на детето, под жената ставале голем слој на листови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.