Британски научници објавија резултати од 4 -годишен труд
Веганите и вегетаријанците имаат поголема веројатност да останат без поколенија, пишува британскиот весник Дејли телеграф. Според научниците од Велика Британија, мажите кои не јадат редовно месо, имаат помалку сперматозоиди, покажуваат резултатите од четиригодишно истражување. Кај вегетаријанците и веганите количеството машки полови клетки е 50 милиони, додека кај корисници на производи од животинско потекло бројот е 80 милиони. Активноста на сперматозоидите кај оние кои не јадат месо и и не пијат млеко е 30%, а кај оние што јадат месо е два пати поголема, дополнуваат авторите на студијата.
Според истражувачите сојата која се користи од вегетаријанците и веганите како замена за месото, го намалува и квалитетот на семената течност. Опасност претставува и дефицитот на витамин Б12, предупредуваат британските научници. Експертите посочуваат дека веганите и вегетаријанците голтаат многу пестициди заедно со овошјето и зеленчукот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



