| четврток, 6 декември 2018 |

Родителите на Новак славеле во Белград

srdan-dokovic-1380236229-372259

Родителите на Новак Ѓоковиќ, Дијана и Срѓан биле во Белград кога ја слушнале среќната вест за проширувањето на своето семејство.

Српските медиуми пишуваат дека веста за добивањето на своето внуче ја прославиле во интимна атмосфера во кругот на своите најблиски роднини и пријатели, во својот нов стан во Нов Белград.

Дијана и Срѓан поради своите работни обврски не биле во можност да бидат покрај Новак и Јелена во тој среќен момент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top