| четврток, 6 декември 2018 |

Дебата за стресот на работното место

Европската недела за безбедност и здравје при работа денеска ќе биде одбележана со дебата за стресот на работното место, која ќе ја одржи Македонското здружение за заштита при работа.

stock-footage-man-in-the-office-typing-in-hurry-hurry-up-to-finish-the-work-stressed-up-office-worker-or-a

Над 44 проценти од македонските работници сметаат оти во следните пет години многу ќе се зголеми стресот при работа, покажуваат истражувањата спроведени во Македонија.

Според направените анализи, 51 процент од работниците во Европа сметаат дека стресот поврзан со работата е вообичаен на нивното работно место, а 4 од 10 работници мислат дека во нивната компанија не се справуваат успешно со оваа појава.

Процените се дека трошоците поврзани со нарушувањето на менталното здравје на работниците изнесуваат 240 милијарди евра годишно.

Претставници од Македонското здружение за заштита при работа, како и експерти од Холандија, Австрија, Норвешка и Бугарија ќе присуствуваат на настанот.

Европската недела за безбедност и здравје при работа е настан на Европската агенција за безбедност и здравје при работа и се одбележува во сите земји членки и државите кандидати на Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top