
Момче на возраст од 20 години било донесено во болница со две прострелни рани од огнено оружје во телото, а како можен напаѓач е посочен седумнаесетгодишник од Скопје. За случајов во полиција се јавиле лекарите од Градската општа болница-Скопје откако по полноќ бил донесен Ф.А.(20) од Скопје со две прострелни рани од огнено оружје. Лекарите веднаш му дале прва помош. Засега нема информации дали тој е во стабилна состојба или се наоѓа во животна опасност.
Според сознанијата на полицијата, скопјанецот Ф.А. бил повреден во близина на улицата Kемал Сејфула. За овој случај најверојатно ќе одговара И.Е.(17) од Скопје кој бил приведен во полициска станица. Полицијата покрај него го привела и осумнаесетгодишникот Ш.Ш. од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава против напаѓачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


