
Еден од најголемите скандали во светот секако беше прељубничката врска на поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон (68) со вработената службеничка во Белата куќа, Моника Левински (41).

– Јас се вљубив во мојот шеф, само што мојот шеф беше претседател на САД – изјавила Левински неодамна на еден самит во Филаделфија, чијашто тема била „културната револуција“ против срамотењето на интернет. Таа рекла дека одлучила јавно да проговори за аферата, за да им помогне на сите кои се соочуваат со злоупотреба преку интернет.
– Мојата репутација беше целосно уништена и покрај тоа што тогаш немаше ни ’Фејсбук’, ’Твитер’, ниту ’Инстаграм – изјавила Левински.
Поранешната службеничка на Клинотн признала дека се одлучила ова да го сподели со јавноста откако геј-студентот Тајлер Клементи во 2010 година извршил самоубиство откако колегите јавно го посрамиле преку интернет. Левински исто така имала самоубиствени нагони по аферата со Клинтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


