| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца од уапсените во „Арсенал“ добија притвор, останатите мерки на претпазливост

На тројца од уапсените во полициската акција „Арсенал“  судијата на претходна постапка им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, додека на останатите петмина им одредена мерка на претпазливост, односно ќе треба да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, соопштија од Основниот суд Скопје 1.

На поранешниот началник на секторот за логистика Н. М. му е одредена мерка за претпазливост, додека Б.Б. , В.Ѓ и В.Б.Ѓ се лицата кои добија триесет дневен притвор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top