Некролози со последен поздрав до починатиот претседател на Венецуела, Уго Чавез, денеска осамнаа во неколку весници во Црна Гора.
Неколкуте поддржувачи на неговата борба против империјализмот во интерес за социјална правда во дел од праките велат: „Последен поздрав, голем претседателу. Трајната слобода почива во храброст“, „Си заминуваат сите добри луѓе“, „Збогум, храбар човеку“, „Нема сомневања дека сега на некое подобро место водиш битка против империјализмот и неолибералната глобализација, како и за остварување на планетарната социјална правда“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


